Top Sport

Мејведер: Ќе направиме меч со Хабиб, но сакам бројка со девет цифри! (видео)

Непоразениот боксерски „крал“, Флојд Мејведер Јуниор вели дека е многу веројатно да влезе во боксерскиот ринг со непоразениот УФЦ шампион, Хабиб Нурмагомедов, но остана „скржав“ за деталите.

Мејведер (50-0) се повлече од боксот во август 2017 откако во меч во кој заработи стотина милиони долари го победи Конор Мекгрегор, кој по овој пораз минатата недела беше совладан и од Нурмагомедов во УФЦ октагонот. Мејведер се поврзуваше со можен кам-бек против Мани Пакјао, но сега Хабиб е во прв план.

„Ќе се бориме. Јас сум самиот свој шеф. Можам да кажам што ќе се случи, но од неговата страна треба тој да се изјасни. Дали ќе биде ММА или бокс? Па, тој ме предизвика мене, така што ќе дојде во мојот свет. Тој кажа дека кога го удрил Конор Мекгрегор го нокаутирал, а јас не сум успеал тоа. Океј, Хабиб. Ги доби моите остатоци“, вели Мејведер во интервју за „ТМЗ спортс“.

Според 42-годишниот Мејведер, има само еден услов – да се заработат многу пари, повеќе од дуелот со Мекгрегор, кој го доби со технички нокаут во 10. рунда.

„Кога ќе боксувам со Хабиб, ќе добијам бројка со девет цифри. Да, повеќе од дуелот со Мекгрегор. Најверојатно 100 милиони долари повеќе. Гарантирано 200 милиони долари“, објасни Мејведер.

Scroll to Top