Менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз вели дека Флојд Мејведер Јуниор е очаен за меч со неговиот клиент до толку што „моли“ за дуел.
Мејведер го нокаутираше поранешниот УФЦ шампион, Конор Мекгрегор во најскапиот боксерски меч во 2016 година, по што Нурмагомедов го победи Ирецот на УФЦ 229 за да стане вистинска ММА сензација.
Според Абделазиз, Мејведер, кој ја помина Нова Година во Јапонија заработувајќи 9 милиони долари за нокаутот во две минути над Јапонецот Насукава, постојано му праќа пораки барајќи меч со Дагестанецот.
„Да, веќе цел месец си праќаме пораки. Тој дури моли за овој меч. Ако ви каже дека не е така, ќе ги пуштам пораките онлајн за сите да видат. Нека не лаже“, вели Абделазиз.
Тој вели дека дуел е сосема можен, но дека треба да биде исполнет еден услов – парите да се добри.
„Ако сака, мечот е тука. Мене ми се допаѓа идејата, но парите мора да бидат малку подобри. Тоа е дефинитивно така“, додава Абделазиз.
Туризам во Јапонија! Мејведер за две минути го нокаутираше Насукава (видео)