Али Абделазиз, менаџерот на УФЦ ѕвездата Хабиб Нурмагомедов, во едно интервју рекол дека Флојд Мејведер го молел да биде организирана борбата помеѓу него и Дагестанецот.
„Со Флојд се допишуваме веќе еден месец. Тој ме моли да организирам борба со Хабиб. Му кажав дека има 57 години, дека телото му е слабо, дека има мала глава. Луѓето мислат дека сум луд, но јас навистина верувам дека Хабиб би го претепал. Тој мисли дека преку Хабиб лесно ќе заработи пари. Хабиб е млад, јак и поцврст од Конор Мекгерор, кој против Флојд издржа десет рунди. Хабиб не би се откажал како што тоа го направи Конор“, рекол за „ТМЗ спорт“, Абделазиз.
Менџерот на Нурмагомедов не останал само на коментарот околу евентуалната борба, туку испратил и провокативна порака до Мејведер.
„Флојд не е борец, тој е спортист. Во УФЦ морате да биде комплетен борец. Тој би изел ќотек доколку го начекаме на улица, во таква борба тој не знае да се брани. Нема храброст да влезе во таков меч. Од друга страна, Хабиб, ќе се бори со сите, во лифт, во телефонска кабина, било каде…Флојд може да се бори само во боксерски ринг. Сепак доколку го сака овој меч, тогаш и ќе го добие. Идејата е добра, само мора да излезе со вистинска понуда. Флојд добро знае што значи тоа“, завршил Абделазиз.
Инаку, Флојд Мејведер, во понеделникот, за две минути го претепа Јапонецот Теншин Насукава и заработи девет милиони долари.