Top Sport

Мејведер „посвои“ панда, ја именуваше „ТМТ Флојд Мејведер“

Американската боксерска легенда, Флојд Мејведер Јуниор е во посета на Кина, каде што реши да „посвои“ една панда и нормално, да ја именува „ТМТ Флојд Мејведер“.

40-годишниот боксер ќе мора да ја остави пандата во домот во југоисточна Кина и ќе плати 15.000 долари кои ќе отидат во центарот каде што таа живее. „ТМТ“ е кратенка за „The Money Team“ (тимот на парите).

Мејведер се пензионираше вторпат оваа година, откако го нокаутираше ММА борецот Конор Мекгрегор за да го подобри скорот на 50-0. По ова, тој реши да потроши пари и да ја посети Кина со посета на Пекинг, Ченгду, Шангај, Хонгконг и Макау, по што на Инстаграм објави дека е платен за посетата.

„Да се дојде тука со 23 луѓе е фантастично искуство и не боли што добивам 3.000.000 долари само да се одморам неколку дена“, напиша Мејведер.

Scroll to Top