Флојд Мејведер Јуниор, еден од најдобрите боксери во историјата, објави дека се враќа во акција следната година на новиот ММА настан „МЕГА 2021“ во Токио, Јапонија.
Засега нема детали со кого ќе се бори и во каков формат ќе биде мечот (бокс, кик-бокс, ММА), но се знае дека ќе биде во акција на 28 февруари во „Токио Доум“. Мејведер на крајот на 2018 година беше гостин во Јапонија, каде што во богат егзибициски меч го декласираше јапонскиот кикбоксер Теншин Насукава.
„Јапонија е една од најпрекрасните земји на светот, а Токио посебно. Сакам да ги забавувам Јапонците, а бидејќи последниот пат кога бев таму не бев најподготвен, овојпат ќе работам понапорно. Не знам со кој противник ќе се соочам, но одам во Токио“, објави Мејведер.
Во декември 2019 година, Мејведер тврдеше дека ќе се врати во рингот во 2020, по што најави промотерска куќа со првиот човек на УФЦ, Дејна Вајт. Постоеја шпекулации за можен римеч со Конор Мекгрегор или меч со Хабиб Нурмагомедов, но ништо од тоа не се оствари.
‼️? Floyd Mayweather will return to the ring for a fight at Tokyo Dome on Feb 28th. Details scarce, but Floyd called into a presser to announce he would compete on same show as new MMA event 'MEGA 2021'. Previously beat Tenshin Nasukawa in a 2018 exhibition at a RIZIN event. pic.twitter.com/4U4bg5YWOE
— Michael Benson (@MichaelBensonn) November 16, 2020