Top Sport

Мејведер со стил (и пари) го прослави својот 43. роденден (галерија)

Флојд Мејведер Јуниор шпекулациите дека е „шворц“ ги демантираше на најдобар начин, со блескава забава за прослава на неговиот 43. роденден, каде што стриптизетите добија „туш“ со лажни долари на кои беше ликот на боксерот.

Забавата, на која присуствуваа раперите Снуп Дог и Френч Монтана, доаѓа неколку дена откако друг рапер, неговиот поранешен другар, Фифти Сент тврдеше дека тој мора да се врати на боксот, бидејќи парите се потрошени.

Мејведер во ноември потврди дека се враќа во 2020 со посебен договор со шефот на УФЦ, Дејна Вајт, а потоа изјави дека би сакал да влезе во рингот со Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов во ист ден.

Scroll to Top