Top Sport

Мејведер за борбата со Пол: Ова е легален грабеж на банка

Флојд Мејведер викендов се враќа во рингот. Во ревијален меч негов противник ќе биде познатиот „ју-тјубер“, Логан Пол.

Легендарниот боксер, чии прекар е „Пари“, само поради богата награда решил да влезе во рингот.

„Со причина го носам прекарот“, рекол Мејведер кога го прашале зошто прифатил да боксува против „ју-тјуберот“.

„Со години работев напорно за да дојдам до ова ниво. Сега верувам дека повеќе се исплати да работам паметно отколку напорно. Борбата против Логан Пол е лесна, тоа е легален грабеж на банка, едноставно морав да го направам тоа“, рекол 44-годишниот Мејведер.

Боксерот кој во кариерата победил во сите свои 50 борби, од мечот со Пол ќе заработи најмалку 35 милиони долари. Се претпоставува дека, доколку продажбата на „пејпер вју“ оди според планот, тогаш Мејведер ќе заработи 10 милиони долари.

Пол од борбата ќе заработи 250.000 долари и 10 отсто од „пејпер вју“, што сопред прогнозите треба да изнесува 20 милиони долари.

Scroll to Top