Top Sport

Мејвејдер го предизвика Коби Брајант, на баскет во милион долари

Американскиот боксер Флојд Мејвејдер го предизвика Коби Брајант да играат „еден на еден“ за милион долари.

Мејвејдер пред неколку дена изјави дека нема да се бори во октагон, но дека е подготвен на кошаркаскиот терен да му се спротивстави на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.

Коби Брајант е еден од најдобрите во кошарката, во текот на кариерата токму играта „еден на еден“ му беше најсилната страна.

Сепак Мејвејдер има огромна самодоверба, но без оглед на тоа доколку Коби го прифати предизвикот тогаш може на лесен начин да заработи голема сума на пари.

Scroll to Top