Top Sport

Мејвејдер се враќа, ќе се бори против Ју тјуб ѕвезда

Легендарниот боксер Флојд Мејведер наводно ќе се врати во рингот. Еден од најбогатите спортисти во светот договорил егзибиционен меч против Ју тјуб ѕвездата Логан Пол.

Мејвејдер последен пат во рингот беше во 2017 година кога го победи Конор Мекгрегор, потоа објави крај на кариерата. Од повлекувањето тој еднаш се појави во егзибиција, кога во 2018 година го победи јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава. За таа борба Мејвејдер доби 10.000.000 долари.

Новинарот Мајк Финберг тврди дека Мејвједер веќе го потпишал договор за мечот со Логан.

„Логан ќе се бори против еден од најдобрите во светот. Таа борба ќе биде шега за Мејвејдер“, напишал Финберг.

Логан Пол досега учествувал во само една борба и тоа против уште една Ју тјуб ѕвезда, КСИ. Со одлука на судиите Пол беше поразен по шест рунди.

Scroll to Top