Top Sport

Мејвејдер: Со задоволство би се борел со Конор и Хабиб

Поранешниот светски шампион во бокс, во пет различни категории, Флојд Мејведер, изјавил дека со задоволство би се борел против Конор Мекгрегор и Хабиб Нурмагомедов. Мејвејдер имал можност да се бори против Мекгрегор, во 2017 година Американецот забележа лесна победа, од друга страна Нурмагомедов порачал дека е подготвен за таква борба, но под услов од 12 рунди една да биде по правилата кои важат во ММА.

„ За мене во ред е борба против Мекгрегор или против момчето кое нема искуство. Тие борби би ми донеле по 300 милиони долари. Моето време помина, сега е времето на младите борци. Меѓутоа би прифатил такви борби, зошто да не би заработил 600 милиони долари“, рекол Мејвејдер.

Исто така Мејвејдер не заборавил да го „пецне“ Мекгрегор и да го потсети на нивната борба од пред три години.

„Конор не може да удри добро. Ми беше забавно, си мислев дека тој удира многу слабо“, завршил Американецот.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');