Ирскиот УФЦ борец, Конор Мекгрегор го привлекува вниманието на јавноста и во и надвор од октагонот.
Последниот од низата гафови тој го направи на еден безбол натпревар. Бил повикан како специјален гостин на отворањето на сезоната, на меч на Чикаго Кабс. Ирецот ја имаше честа да ја фрли првата топка.
Она поради што сите му се смеат е начинот на кој тоа го направи, покажувајќи дека нема иднина за него во овој спорт.
Замавна и силно го фрли топчето, но сите во неверување гледаа каде заврши тоа – на трибините.
Не беше ниту близу до фаќачот, кој остана запрепастен: