Top Sport

Мекгрегор до Хабиб: Почит и сочувство за твојот татко

Иако неколку години Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор се на „воена нога“ по нивниот неверојатен меч на УФЦ 233 во 2018 година, постојано праќајќи сурови и непристојни пораки преку социјалните мрежи, овојпат Ирецот се крена над несогласувањата и му прати порака на ривалот по неговата победа над Џастин Гетџи и одлуката да се пензионира.

„Добар меч. Јас ќе продолжам. Почит и сочувство за твојот татко. За тебе и твоето семејство. Твои искрено, Мекгрегор“, напиша Конор на Твитер.

Мекгрегор би требало да се врати во октагонот наскоро и покрај тоа што неодамна по трет пат објави дека се пензионира. Негов ривал во јануари треба да е Дастин Поаире, во меч кој може да биде и важен за сега слободната титула во лесна категорија.

Scroll to Top