Top Sport

Мекгрегор купи „воден ѕвер“ за 4 милиони долари, па се фалеше на Инстаграм

Конор Мекгрегор нема многу среќа во октагонот во последниот период, ама затоа добро му оди надвор од него.

Конечно ја доби јахтата што долго ја посакуваше. Се работи за јахта марка „Lamborgini Teknomar 63“ вредна 4 милиони долари.

Ја „пазареше“ уште минатиот октомври, а сега таа конечно е кај него. Долга е 11 метри тешка околу 21 тон, а може да оди со брзина од 111 километри на час – има 4.000 коњски сили.

Веднаш се пофали со неа на Инстаграм:

Scroll to Top