Конор Мекгрегор признава дека вербалната војна со Хабиб Нурмагомедов „поминала некои граници“ пред нивниот контроверзен меч во 2018, но додава дека ривалството со дагестанскиот „воин“ е многу лично за двајцата.
Мекгрегор загуби во четвртата рунда од УФЦ шампионот во лесна категорија Хабиб во октомври 2018 година, по што се случи општа тепачка во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас како кулминација на личните навреди и напади кои се случуваа пред мечот.
Мекгрегор го нападна автобусот во кој беше Хабиб и неговите колеги, а го нарече неговиот мемаџер Али Абделазиз „еб.н терористички стаорец“. Кога Хабиб одби да пие од вискито на Мекгрегор на прес-конференција, тој го нарече „луда заостаната пи.ка“.
Сега, 31-годишниот Ирец, кој се врати во УФЦ октагонот минатиот месец со победа за само 40 секунди над Донал Серон, признава дека работите отишле предалеку.
„Некои работи можеби отидоа предалеку, но тоа е што е. Тоа е бизнисот на тепачки. На крајот, се случи тоа што се случи. Не беше само тоа што се кажа, туку и тоа што придонесе тоа да се каже. Имаше активности пред тие зборови. Но, на крајот работата стана многу, многу лична“, вели Мекгрегор.
Тој останува на барањето Хабиб да му даде ри-меч, нешто што дагестанскиот фајтер засега го одбива како можност.