Поранешниот шампион во УФЦ, еден од најпопуларните ММА борци, Конор МекГрегор ужива со своето семејство на одмор на Азурниот брег во Франција.
Папараците кои ги следат познатите личности забележаа како изгледа одморот на Ирецот.
Посетителите на плажата беа загледани во специјално дизајнираниот шорц на МекГрегор.
Ирскиот борец неодамна најави повлекување од ММА. Сега е повеќе посветен на изработка на сопствени брендови, пред се на производството на виски „Proper twelve“.