Top Sport

Мекгрегор најави камбек во кафезот против Махачев

УФЦ легендата Конор Мекгрегор не бил импресиониран од последниот меч на Ислам Махачев и најави дека тој ќе биде неговиот следен противник кога ќе се врати во октагонот по долгата пауза по скршеницата на ногата во мечот со Дастин Поаире минатото лето.

Махачев минатиот викенд го победи Боби Грин во Лас Вегас во првата рунда, откако најавениот противник Бенеил Дариуш го повреди скочниот зглоб на тренинг една недела претходно. Ова беше 10. победа на Дагестанецот, кој има 22-1 скор во кариерата и тој најави дека сака борба за шампионскиот појас, нешто за што очигледно амбиции има и Ирецот.

„Ќе се борам со тоа го.но Махачев, без проблем. Засрамувачки меч пред некој ден. Срамотно удирање. Видете ме кога ќе се вратам. Исто како и претходно. Било кој. Било која тежина. Било каде. Игра полна со г.мна“, напиша Мекгрегор на Твитер.

УФЦ: Махачев го „суреди“ Грин за една рунда, па побара меч за титула

Scroll to Top