Конор Мекгрегор заработи над 100 милиони долари за мега-мечот со Флојд Мејведер, така што лесно може да си дозволи да откупи цел забавен парк за неговото семејство и пријателите.
Ирецот не ги „крие“ своите пари, така што не сакаше да дозволи неговите најблиски да чекаат во ред во паркот „Фандерланд“ во близината на Даблин.
„Го отворив ‘Фандерланд’ за моето семејство и моите пријатели. Понеделникот мора да се победи некако“, напиша 29-годишниот Мекгрегор на фотографија со девојката Ди, синот Конор Јуниор и неговата мајка Маргарет.
Покрај семејството, на „забавата“ беа поканети и неговиот тренинг-партнер Сиаран Маер и неговото семејство.
Забележителна беше и облеката на УФЦ шампионот во лесна категорија – тренерки „Гучи“ од 1.500 фунти, кои дефинитивно „бодеа“ очи.