Конор Мекгрегор повторно го „распали“ ривалството со Флојд Мејведер Јуниор, порачувајќи му дека ќе го „убие“ во ММА борба ако боксерот реши да влезе во октагонот.
Мекгрегор беше нокаутиран во 10. рунда од боксерскиот меч со Мејведер во август во Лас Вегас, во меч кој за двајцата донесе милиони долари. Сега, „охрабрен“ од најавата на Мејведер дека би можел да заработи милијарда долари за четири меча во УФЦ лигата, Ирецот реши да го предизвика Американецот на дуел.
„Потколеница во образот. Тоа правило те спаси од погреб“, напиша Мекгрегор на Твитер.
Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт пак, изјави дека разговарал со Мејведер за можен меч во октагонот, а во исто време најави дека Мекгрегор наскоро повторно ќе се врати во УФЦ рингот.
Доколку се случи тоа, тој ќе треба да ја брани својата титула во лесна категорија или против Тони Фергусон или против Хабиб Нурмагомедов.
Shin bone to the cheek bone. The rule set kept you out the funeral home. pic.twitter.com/chJ5ieUQvQ
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) January 1, 2018