Top Sport

Мекгрегор претепал членови на ирски картел

Најпопуларниот ММА борец, Конор Мекгрегор, минатиот викенд во еден паб во Даблин претепал тројца членови на најопасната криминална група во Ирска, картелот Кинахан.

Иако случајот не бил пријавен во полицијата, ирскиот борец веднаш по тепашката ја напуштил Ирска. Никој во моментов не знае каде се наоѓа Мекгрегор, а на социјалните мрежи се појави во видео на кое не му се гледа лицето. Точната окација каде е снимено видеото не е позната.

Наводно, картелот од Мекгрегор барал 900.000 евра за да му прости за нападот на челновите.

Кинахан картелот е најголемиот ирски картел на чие чело се наоѓа 60-годишнот Кристи Кинахан, осуден дилер кој е недостапен за државните органи, а неговото богатство се проценува на една милијарда долари.

Scroll to Top