Top Sport

Мекгрегор: Првото шише виски му го дадов на Путин, тој проверуваше да не е отров

Ирската ММА ѕвезда, Конор Мекгрегор тврди дека рускиот претседател Владимир Путин проверувал дали има отров во вискито кое Ирецот му го подарил за време на финалето на СП во фудбал минатото лето во Москва.

Мекгрегор вели дека Путин го добил првото шише виски од својот бренд  „Proper No. Twelve“  на Путин на мечот Франција-Хрватска, пред обезбедувањето на претседателот да го провери вискито.

„Не се шегувате со Владимир. Кога му го подарив шишето, тоа веднаш отиде кај обезбедувањето. Мораа да извлечат течност од шишето за да осигураат дека е безбедно и дека нема отров, а потоа Владимир Путин го доби. Не смеевме да пиеме тогаш, но сигурен сум дека потоа барем го пробал“, вели Мекгрегор, кој своето враќање во УФЦ октагонот го најави за јануари.

Мекгрегор го промовираше своето виски во септември 2018, а оттогаш брендот стана вреден неверојатни 764 милиони фунти. Магазинот „Форбс“ го проценува богатството на Ирецот на околу 80 милиони евра.

Scroll to Top