Конор Мекгрегор јасно покажа дека е навивач на шкотскиот гигант Селтик, тренирајќи со дрес на тимот кој секогаш бил попопуларен во Ирска отколку во Шкотска.
УФЦ ѕвездата се врати на тренинзи по „заканите“ на претседателот на УФЦ, Дејна Вајт дека мора да се врати во рингот наскоро или ризикува одземање на титулата. Последен меч на Мекгрегор беше во боксерскиот ринг, кога загуби во осмата рунда од Флојд Мејведер Јуниор, но сега по сè изгледа се подготвува за враќање во октагонот.