Top Sport

Мекгрегор се пофали со часовникот од над милион долари (фото)

Познатиот ирски УФЦ борец, Конор Мекгрегор повторно привлекува внимание откако во јавност го покажа својот луксузен рачен часовник.

Мекгрегор следната недела се враќа во октагонот во боречкиот спектакл од УФЦ 257 против Дастин Поире. Пред тоа, се поднови со нов часовник од марката „Jacob & Co“.

Часовникот е направен во Женева и вреди повеќе од еден милион долари.

Скапата играчка ја стави и на Инстаграм и под неа напиша:
„Нов часовник, ново одело, нова кола, пазете се“.

Scroll to Top