Најголемата ММА ѕвезда, Конор Мекгрегор, ја призна вината за физичкиот напад, во април оваа година, само за да избегна затворска казна. Против Ирецот биле подигнати вкупно 12 обвиненија, меѓу кои за вербални закани, нанесување повреди. За такви прекршоци максимална затворска казна е седум години.
Мекгрегор успеал да спогоди со судот, мина без казна затвор, но ќе мора пет дена да обавува општествено корисна работа и ќе треба да оди на терапии за контрола на бесот. Мекгрегор, исто така ја задржа работната виза за САД.
Ирецот ќе мора да ја плати и штетата што ја направи на автобусот.