Конор Мекгрегор кратко го нарече Флојд Мејведер Јуниор со погрден збор, откако Американецот појасни дека не сака да влезе во УФЦ арената со Ирецот.
Мејведер го совлада Мекгрегор во супер-богатиот меч во текот на летото, по што Американецот изјави дека се повлекува со 50-0 скор, но неодамна најави дека би можел да заработи милијарда долари со договор со УФЦ.
По ова, претседателот на УФЦ, Дејна Вајт најави дека постоеле „вистински“ преговори за втора епизода од ривалството, но Мејведер во интервју за „Фајт хајп“, изјави дека лошо ги пренеле неговите зборови.
„Тие велат дека Флојд кажал дека ќе оди во УФЦ за милијарда долари, а јас не го кажав тоа. Само реков дека заработив милијарда долаари. Ако заработив досега милијарди, ќе го направам тоа повторно. Ако изберам да одам во УФЦ и да се борам за УФЦ, по три-четири меча можам да заработам толку. Не знам што носи иднината за Флојд Мејведер, но не сакам да се вратам во боксерскиот ринг. Тоа е сигурно“, објасни Мејведер.
Мекгрегор на ова одговори на социјалните мрежи, нарекувајќи го Мејведер со погрден збор, сигнализирајќи дека би го „суредил“ ветеранот во неговата арена. Ирецот уште се нема вратено во октагонот по поразот од Мејведер, а додаде дека планира да се повлече пред да „добие оштетување на мозокот“.
Pussy
— Conor McGregor (@TheNotoriousMMA) December 21, 2017
„За мене веќе не се работи за парите. Имам страст кон борбите и тоа го сакам најмногу. Ќе продолжам додека сум здрав и подготвен да работам. Но, нема да бидам глупав. Кога ќе забележам дека не треба да продолжам ќе престанам. Ова е опасен, безмилосен бизнис и го сфаќам тоа. Имам позиција на големо богатство, така што не сум очаен за ништо. Го правам ова поради задоволството“, објасни Мекгрегор.