Top Sport

Мекгрегор се заканува: Ќе се сретнеме повторно, Дастин твојата победа не е легитимна

Конор Мекгрегор од болничката постела му се заканува на Дастин Поарије. Ирецот, во неделата, беше поразен од Поарије со технички нокаут. Мекгрегор, во финишот на првата рунда се здоби со фрактура на ногата.

Борецот во лесна категорија, веднаш беше префрлен во болницата во Лас Вегас, каде беше успешно опериран.

„Опарацијата помина добро. Излегов од салата, се чувствувам добро. Треба шест недели да мирувам, а потоа ќе започнам со тренинзите“, рекол Мекгрегор во видео-пораката, а потоа му се обратил на Поарије.

„Првата рунда беше одлична, жал ми е што ја скршив ногата и што не можев да продолжам. Дастин сега можеш да славиш, но твојата победа не е легитимна. Ништо не направи во октагонот. Ќе се сретнеме ние повторно, тогаш ќе видиме што ќе се случи“, рекол Ирецот.

Scroll to Top