Top Sport

Мелњикова стана светска шампионка во повеќебој

Ангелина Мелњикова го освои првиот златен медал во гимнастика, на Светското првенство кое се одржува во Китакјуши, Јапонија.

Мелњикова ја продолжи серијата на добри резултати која започна на Олимписките игри. Русинката, во Токио освои златен медал со Русија во повеќебој и бронзи во поединечна конкуренција, во прескок и на партер.

На Светското првенство, во дисциплината повеќебој, таа со 56.632 поени го освои златниот медал пред Американките Лиен Вонг и Кајл Дичело.

Scroll to Top