Top Sport

Мешаница во тешката категорија – ВБЦ нареди Фјури да боксува со Вајт

Иако Тајсон Фјури и Ентони Џошуа се договорија за две британски пресметки во 2021 година, ВБЦ федерацијата го уништи тој план со објавата дека нивниот шампион Фјури мора да боксува со Дилијан Вајт.

Фјури прво има обврска да му даде трет меч на Дионтеј Вајлдер откако му ја одзеде крунат асо нокаут во седмата рунда оваа година, но сега по тој меч тој доби наредба од шефот на ВБЦ, Маурисио Сулаиман да боксува со Вајт на почетокот на 2021 година, бидејќи Вајт чека 1.000 дена за шансата да влезе во рингот иако е прв предизвикувач.

„Имавме флексибилност со шампионите и се согласивме Фјури да боксува со Вајлдер до крајот на годината, но потоа победникот мора да му даде шанса на предизвикувачот на почетокот на 2021. Нема смисла да шпекулираме со датуми, но тој меч мора да се оддржи или титулата да стане слободна“, вели Сулаиман.

Џошуа, кој има три шампионски појаси, пак, треба да боксува со својот ИБФ предизвикувач, бугарскиот тешкаш Кубрат Пулев.

Scroll to Top