Top Sport

Мики Шифрин со деби спусташка победа (видео)

Микаела Шифрин последните неколку сезони доминира во слаломските трки, меѓутоа во саботата успеа да направи можеби најголем подвиг во кариерата – да триумфира на спустот во Лејк Луис и да ја преземе улогата на најдобар американски спусташ од Линдзи Вон.

22-годишната Шифрин, која во петокот со третото место зад Корнелија Хитер и Тина Вајратер, изненади со првиот подиум во спуст, во саботата беше уште поимпресивна, поминувајќи ја патеката со време од 1:27.55, за да ја совлада Германката Викторија Ребензбург за 0.13 секунди, додека подиумот го комплетираше Швајцарката Мишел Гисин со 1:27.72, само две стотинки пред победничката од петокот, Хитер.

Ова е 33. побед во кариерата за младата Американка, која оваа година брани два кристални глобуси – во слаломот, но и во генерален пласман.

Вон, која во петокот имаше страшен пад на патеката на која имаше 18 победи во кариерата, беше резервирана и на крајот заврши на 11. место. Повратничката на Светскиот куп, ексшампионката во генерален пласман, Ана Фајт беше на делба на 14. место со уште една поранешна шампионка, Швајцарката Лара Гут.


Scroll to Top