Top Sport

Миочиќ: Да направев како Мекгрегор сопругата ќе ме убиеше!

УФЦ шампионот во тешка категорија, Стипе Миочиќ вели дека никогаш не би дозволил да ја загуби контролата како Конор Мекгрегор, откако контроверзниот Ирец го нападна автобусот во кој беше неговиот ривал Хабиб Нурмагомедов, за што доби и обвинение за насилство во Њујорк.

Инцидентот се случи пред УФЦ 223 во Бруклин, кога Мекгрегор и неговото друштво го нападнаа автобусот во кој беше Нурмагомедов и други борци.

„Јас не би направил такво нешто. Сфаќам дека го бранеше својот пријател Артем Лобов, но така не се прави тоа. Луѓето беа повредени. Да направев такво нешто, мајка ми ќе ме уништеше, а сопругата директно ќе ме убиеше“, вели Миочиќ во интервју за „ЕСПН“.

Запрашан што би се случило неговата сопруга да била во автобусот, Американецот со хрватско потекло беше директен.

„Уф… Гејм овер“, додаде Миочиќ.

Scroll to Top