Стипе Миочиќ во текот на викендот ја одбрани својата титула во тешка категорија во УФЦ, победувајќи го фаворизираниот Френсис Нгану со доминантен триумф на поени, но Американецот уште смета дека неговата големина не се почитува.
Пред мечот, Миочиќ ја искритикува УФЦ дека намерно го „омаловажува“ и дека го фаворизира Камерунецот, а по неделната победа, со која стана првиот тешкаш со три одбрани на титулата, тој првпат изјави дека е „најголемиот на сите времиња“.
“I am the Greatest of All-Time.”
Agree w/ the heavyweight champ? #UFC220 pic.twitter.com/UaI2aYpIFE
— UFC (@ufc) January 22, 2018
Официјалниот УФЦ акаунт на Твитер ја пренесе оваа изјава и ги праша фановите дали се согласуваат со изборот.
Миочиќ, кој покрај УФЦ работи како пожарникар и член на брзата помош во Кливленд, не одговори, но затоа тука беше неговата сопруга, Рајан Мари Миочиќ.
„Дали се согласувате? УФЦ? Многу сум разочарана и искрено шокирана што можете да напишете вакво нешто. Застанете зад својот шампион! Време е. Не го почитувате човекот во униформа, човек со карактер за пример кој служи на својата заедница и доминира во својата дивизија. Се работи за човек кој ги декласираше сите во рингот, кој треба да биде пример за УФЦ. Треба да изберете зад кого ќе стоите“, изјави сопругата на Миочиќ.