Првпат во историјата на УФЦ, двајца актуелни шампиони во различни тежински категории ќе бидат главни тренери и ќе се пресметаат во рингот во финишот на сезоната.
УФЦ ги повика шампионот во тешка категорија, Стипе Миочиќ и шампионот во лесно-тешка категорија Даниел Кормиер како главни тренери за следното реално шоу на УФЦ, чие снимање ќе почне следната недела. По крајот на ова шоу, двајцата ќе се борат на УФЦ 226 на 7 јули во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас за титулата на Миочиќ.
All roads lead to Las Vegas! @StipeMiocicUFC & @DC_MMA to coach #TUF27, will face off at #UFC226 for the HW strap!
? https://t.co/YSnabHhdls pic.twitter.com/OZ7MGbBk0d
— UFC (@ufc) January 27, 2018
Доколку победи Кормиер ќе стане само вториот УФЦ борец кој бил шампион во две тежински категории во исто време.
Миочиќ (18-2) и Кормиер (20-1-1) победија минатиот викенд на УФЦ 220 во Бостон. Миочиќ му даде „лекција“ на камерунскиот предизвикувач Френсис Нгану, додека Кормиер го совлада Волкан Ездемир со нокаут во втората рунда. Пред „симнувањето“ во лесно-тешка категорија, Кормие имаше совршен 13-0 скор како тешкаш со победи над имиња како Френк Мир, Рој Нелсон и Антонио Силва.