Американецот со хрватско потекло, Стипе Миочиќ се наоѓа пред најголемиот предзивик во кариерата кога на 20 јануари во Бостон на УФЦ 200 ќе се судри со моќниот Френсис Нгану, и шампионот во тешка категорија вели дека е „срамота“ што УФЦ посакува тој да го загуби појасот.
„Нгану има силен удар, но најсилен во историјата? Велите дека Марк Хант нема силен удар, или Рој Нелсон? Дај ве молам“, вели Миочиќ.
Тој смета дека УФЦ очигледно сака Камерунецот да биде нов шампион.
„Верувам дека на сите им стана јасно дека УФЦ навива јас да го загубам тој дуел. Чувствувам недостасток на почит од нивна страна, но нема да дозволам тоа да ми пречи во подготовките. Постои чувство дека тие сакаат тој да биде шампион, дека има ваков удар, но тоа на сите ни е јасно. Паѓаа и други силни момци пред мене – Арловски, Вердум, Дос Сантос…“, вели Миочиќ.
И обложувалниците се на страна на Камерунецот – поставувајќи 1.50 коефициент за негова победа, и дури 2.50 за победа на актуелниот шампион.
УФЦ го најави „најголемиот меч во историјата“ – Миочиќ-Нгану (видео)