Тимур Фајзутидинов (19), капитен на младиот хокераски тим на Динамо од Санкт Петербург, починал откако пред три дена се повредил на натпревар.
Младиот хокеар пакот го погодил во незаштитениот дел од главата, на натпреварот против Локомотива во Јарослав.
Тој веднаш бил префрлен во болница, каде по четири дена починал.
Неговото семејство барало тој да биде префрлен во Москва, бидејќи лекарите во Јарослав немале искуство со ваков вид на повреди, меѓутоа поради тешката состојба во која се наоѓал, не можелд а биде префрлен во престолнината.
Фајзутидинов одиграл преку 200 натпревари за младинскиот тим на Динамо.