ММА борецот од Узбекистан Бекзод Нурматов починал по турнирот АЦА 100, објавија локалните медиуми.
Нурматов (27) на 4 октомври во Грозни, Русија, учествувал на турнирот „Absolute Championship Akhmat 100“. Тој во три рунди со одлука на судиите загубил од домашниот натпреварувач Беслан Исаев.
Борецот од Узбекистан имал мозочен удар веднаш бил хоспитализиран но лекарите не можеле да го спасат неговиот живот.
Нурматов професионалната кариера ја започнал во декември 2016 година, забележал 11 победи и два порази.