ММА борецот од Обединетите Арапски Емирати, Ахмад Ал Дармаки, направи не една туку две гупави работи поради што остана без победата.
Ал Дармаки на ОАЕ Вориорс 12 настанот одлично ја одработи својата борба против Богдан Кириленко. Во финишот на првата рунда тој успеа да го фати за врат противникот и со „давање“ да го натера судијата да ја прекине борбата.
Потоа Ал Дарнаки започна со своите глупости, не престана да го „дави“ Кириленко, поради што еден од најдобрите судии во ММА Марк Годард, морал да употреби сила за да ги раздвои борците. Откако го разделија од противникот лутиот Ал Дарнаки започна да го турка судијата.
Потоа борецот од ОАЕ започнал да ја слави победата, но прославата кратко траела бидејќи судијата решил да го дисквалификува.
Ahmad Al Darmaki was just DQ'd after he refused to release an RNC against Bogdan Kirilenko. Things got physical between him and ref Marc Goddard.#UAEWarriors12 pic.twitter.com/XF1azA1Jzs
— caposa (@Grabaka_Hitman) July 31, 2020