Top Sport

ММА: Федор се враќа со меч во Јапонија против стар познаник

Руската боречка легенда Федор Емелианенко се враќа во октагонот на 29 декември во Јапонија на првиот настан на Белатор во оваа земја.

Популарниот Федор, кој доминираше во Прајд мечевите во Јапонија, ќе се бори со уште еден ветеран на таа ера на ММА борбите, Квинтон „Ремпиџ“ Џексон во Саитама. Двајцата се блиску до крајот на кариерата – Федор има 43, а Џексон 41 година.

„Се решивме да се оддржи меч во Јапонија, бидејќи двајцата се доста познати таму. ММА има огромна историја во Саитама и во Јапонија и овој меч никој нема да сака да го пропушти“, вели Скот Кук, претседателот на Белатор.

Емелианенко (38-1-6) потпиша за Белатор во 2017 година и имаше две победи и два порази во оваа федерација, но во вистински негов стил, четирите меча немаа завршница на поеним. Тој ги нокаутираше Чаел Сонен и Френк Мир, а загуби од Мет Митрион и Рајан Бејдер, исто така со нокаут.

Џексон (38-13), е дел од Белатор од 2013 година и има 5-2 скор, со една УФЦ победа во 2015 година. „Ремпиџ“ имаше два порази во низа, пред да го победи својот стар ривал Вандерлеи Силва.

Scroll to Top