Top Sport

ММА лудило: Прво глумеше срцев напад, па престана да го тепа својот идол (видео)

ММА мечевите честопати носат луди завршници, многу крв, многу амбиции скршени во кафезот, но вакво нешто ретко се гледа.

Саботниот меч на „Колосеум комбат 45“ во Индијана, помеѓу тешкашите Тревис Фултон (256-10-54) и Џонатан Ајви (41-0-57) ќе биде забележан како еден од најчудните.

Ајви во првата рунда, прво изглуми срцев напад, по што го удри противникот изненадно, го „фати во ќош“ и беше блиску до победа. Меѓутоа, тогаш дојде најчудниот дел – по низата удари, Ајви реши да престане, стана и го предаде мечот.

Зошто? Ајви и пред мечот призна дека Фултон му е идол (дури има и негова тетоважа), што сметал дека не би било фер да го победи ривалот на таков начин. Неверојатно!

Scroll to Top