Top Sport

Мо Фара со непријатно искуство во Германија (видео)

Британецот Сер Мохамед Фара, четирикратниот олимписки шампион и легенда на трките на долги патеки, тврди дека бил мета на „расно вознемирување“ од страна на обезбедувањето на аеродромот во Минхен.

Фара постави видео од 47 секунди од расправијата со официјалното лице на аердоромот со опис: „Тажно е да се види расно вознемирување во 2018 година“.

Фара само транзитираше преку Германија враќајќи се од тренинг кампот во Етиопија, по што влегува во конфликт со официјалното лице, барајќи да престане да го турка. „Јас можам да те допирам, оди кон портата за излегување“. Кога Фара му кажува дека оди „директно на Инстаграм“, човекот одговара: „не ми е грижа“.

Scroll to Top