Дологочекуваниот дуел меѓу Мо Фара и Јусеин Болт е потврден, но не во атлетиката, туку на фудбалскиот терен.
Двете атлетски суперѕвезди ќе играат добротворен меч на „Олд Трафорд“ во јуни – Фара ќе игра за Англија, додека Болт ќе биде дел од „Сокер ејд“ тимот на светот.
„Сети се, ова е маратон, а не спринт“, го предизвика Фара, специјалистот за трки на 5.000 и 10.000 метри спринтерскиот „крал“ Болт.
Мечот ќе се одржи само четири дена пред стартот на Светското првенство во Русија, а сите средства ќе бидат за УНИЦЕФ.
Фара, четирикратниот олимписки шампион, и осумкратниот олимписки шампион Болт се повлекоа од атлетиката по Светското првенство во Лондон минатото лето. Двајцата претходно разговараа за егзибициска трка на 600 метри.
Finally I can announce that I’ll be playing in @socceraid for @UNICEF_uk at Old Trafford on Sunday 10th June. Remember @usainbolt, it’s a marathon not a sprint! ?
Get your tickets now at https://t.co/rMX9hAVJkc or call 0161 444 2018 #SoccerAid #TeamRobbie pic.twitter.com/KUkKv4oKvr— Sir Mo Farah (@Mo_Farah) March 15, 2018