Top Sport

Мо Фарах го најави крајот на кариерата

Британскиот атлетичар, Мо Фарах, го најави крајот на кариерата, по шокантниот пораз на трката на 10.000 метри „Виталити Лондон“. Четирикратниот олимписки победник, кој освои златни медаи на 5.000 и 10.000 метри на ОИ во Лондон и Рио де Жанеиро, загуби од малку познатиот британски атлетичар Елис Крос.

„Виталити Лондон“ беше прва трка за 39-годишниот Фарах од јуни минатата година, кога не успеа да се квалификува за Олимпијадата во Токио.

„Се чини дека е време да се соочам со фактот дека мојата кариера е при крај. Се обидувам да бидам целосно искрен, мислам дека тоа е тоа. Телото мора да биде подготвено за напор и не сум веќе млад и имам многу работа кога треба да влезам во форма“, изјави Фарах. .

Тој додаде дека се уште не се откажал од овогодинешните игри на Комонвелтот и на Европското првенство, но дека сигурно нема да настапи на Светското првенство во јули.

Scroll to Top