Top Sport

Моделот на Викторијас Сикрет – Гу Ајлин освои златен медал на ЗОИ 2022

Американката Гу Ајлин, пред два дена, освои злато за Кина во фристајл, во дисциплината „Биг Ар“, на Зимските игри во Пекинг.

Гу (18) е родена во од Сан Франциско, но ги шокираше Американците кога реши да се натпреварува за Кина, земја од која потекнува нејзината мајка.

Гу е многу популарна во Кина, на најпопуларната социјална мрежа „Веибо“, ја следат два милиони луѓе.

Големата популарност и овозможи да влезе и во светот на модата. Таа стана заштитно лице на неколку големи брендови, какви што се „Викторија Сикрет“, „Гучи“ и „Луј Витон“.

Минатата година заработи 14.000.000 долари.

Во соработка со ЦМГ Европа ( China Media Group Europe).

Scroll to Top