Тренерот на Рафаел Надал и поранешен светски рекет број 1, Карлос Моја вели дека ќе биде тешко Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ да го повторат успехот на Рафаел Надал и Роџер Федерер во 2018 година.
Шкотланѓанецот и Србинот се во „аут“ во поголемиот дел од 2017 со сериозни повреди – колкот за Мареј и лактот за Ѓоковиќ, и Моја вели дека нема да можат да стигнат до две гренд слем титули како Федерер (Вимблдон, Австралија опен) и Надал (Ролан Гарос, САД опен).
„Никогаш не знаеш што ќе се случи. Рафа и Роџер успеаја, но тоа не беше толку лесно како изгледаше. Добро е за тенисот што Ѓоковиќ и Мареј се враќаат, бидејќи што повеќе конкуренти за титула на големите турнири, подобро за сите. Рафа ќе биде подготвен за нов почеток. 2018 ќе биде возбудлива година“, вели Моја.
Шпанецот ист отака инсистира дека паузата ќе биде искористена за одмор и за опоравување од повредата на коленото на Надал поради која мораше да се повлече од АТП финалето.
„Сега сакаме малку одмор и полнење на батериите по долгата, тешката, неверојатната година. Сега не размислуваме за тие 1.040 поени кои ги делат Надал и Федерер“, додава Моја.