Top Sport

Монфис имаше шоу во Торонто – го деконцентрираше Иснер на сервис

Францускиот тенисер Гаел Монфис (34) е секогаш магнет за публиката поради стилот на игра.

На мечот против Американецот со одличен силен сервис Џон Иснер (пораз за Французинот од 2-0 во сетови) на Роџерс Куп во Торонто, Монфис пред Иснер да сервира се обидуваше да го деконцентрира движејќи се по линијата.


За ова доби опомена од судијата, затоа што беше оценето како непочитување на противникот, на што Монфис имаше свој коментар:

„Ова е 13-ти пат, не е првпат да ме гледа како го правам ова. Прашај го, сме играле 13 пати“.

Сепак, следуваше казна.

„Знаеш дека играм за задоволство, за публика. Тоа не беше непочитување“ му порача францускиот тенисер на судијата.

Ова е потегот поради кој Монфис доби овации од гледалиштето:

Scroll to Top