Top Sport

Монфис тврди: На речиси секој меч има расистички навреди

Гаел Монфис е еден од најталентираните и највозбудливите тенисери за гледање во модерната ера, иако неговиот број на титули не го одразува неговиот квалитет.

Французинот, кој го мина второто коло во Индијан Велс по победата над Џон Изнер вели дека постојано добива расистички коментари од публиката.

„Имав добри и лоши искуство. Лоши, бидејќи речиси во секој меч добивам расистички коментари и можеш да се најдеш против доста расисти. Од спротивната страна, тука се супер-фановите кои те следат насекаде – на улиците, во продавниците, каде што живееш. Тоа е дел од нашата работа“, вели Монфис.

31-годишниот Французин падна на АТП-листата и сега е надвор од топ 40, иако верува дека може да го смени тоа наскоро.

„Можеби сум на некои 30-тина места од каде што заслужувам. Сигурно можам да играм подобро. Се борам, останувам со тенисот, но не играм толку добро сега. Мислам дека можам да бидам во топ 10“, вели Монфис.

Фото: ЕПА

Scroll to Top