Top Sport

Морбидно прашање – сакаш ли на гробот да ти пишува „Овде почива грен слем шампион“?

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ се наоѓа во вниманието на американските медиуми пред почетокот на САД опен. Сепак, овојпат тие повеќе се заинтересирани за неговиот живот, отколку за тениски работи.

„Гледам дека луѓето не ги сакаат моите промени, како во животот, така и во тенисот. Јас лично сум горд на таквите работи, затоа што тоа е притоден процес. Не знам како другите ме гледаат, но јас се обидувам да разберам некое мое подлабоко ниво. Секако, сите тогаш ќе речат види што зборуваш, а на теренот кршиш рекети, пцуеш, викаш… Но и тоа сум јас, свесен сум дека не е во ред, но тоа понекогаш е посилно од мене“ изјави Новак Ѓоковиќ.

Тогаш следуваше морбидно прашање од новинарите во САД – го прашаа дали сака на неговата надгробна плоча да пишува „Овде почива грен слем шампион“.

„Не, не, тоа никако. Малку ме изненадивте со прашањето. Кога некој би дошол да ме посети, не би сакал да види натпис дека сум јас најдобриот и најуспешниот тенисер во историјата. Во животот имаш и други работи кои не се поврзани за твојата професија. Повеќе би сакал да бидам запаметен по тоа дека сум се грижел за другите, сум оставил некоја трага во светот и су инспирирал други луѓе да станат подобри“ одговори Ѓоковиќ.

Scroll to Top