Тениската сезона можеби само што заврши, но тоа не значи само одмор за повеќето тенисери и тенисерки, бидејќи веќе во јануари ќе почне „ловот“ по Австралија опен, првиот гренд слем од сезоната.
Поранешната гренд слем шампионка, Гарбиње Мугуруза, очигледно сака да го подобри 18. место на ВТА листата на кое ја заврши 2017 година, почнувајќи со напорна работа.
На својот Инстаграм профил, Шпанката, која исто така очигледно го смени својот имиџ, сподели еден тренинг за одржување на балансот и рамнотежата, нешто што е многу важно за тенисот. Дали би можеле и вие вака?