Top Sport

Мутко: Русија не е виновна за допинг-скандалот, туку ИОЦ и ВАДА

Интернационалниот олимписки комитет (ИОЦ) и анти-допинг властите се виновни за рускито допинг скандал од Олимпијадата во Сочи во 2014 година, а не руската држава, вели заменикот премиер на Русија, Виталиј Мутко.

Според него, ИОЦ и Светската анти-допинг агенција (ВАДА) не ги извршиле допинг-тестовите прописно и Русија е ослободена од вина за тоа што се случи. Десет руски олимпијци – шест нордиски скијачи и четири натпреварувачи во скелетон добија доживотни суспензии за настап на Олимпијадите од ИОЦ по ре-тестирањето на примероците од Сочи 2014 и обвинувањата дека имало државен допинг-програм.

„На луѓето толку им го измија мозокот што Русија е виновна за сè, а никој не се сеќава на одговорноста на ВАДА и на ИОЦ. Што правеа тие? Спиеја во Сочи?“, запраша Мутко.

ИОЦ следниот месец треба да донесе многу тешка одлука за учеството на руските натпреварувачи на Зимската олимпијада во Пјеонгчанг во февруари. Шпекулациите велат дека ќе се оди на суспензија на државата, односно ќе им се дозволи настап на „чистите“ спортисти под неутрално знаме. Русија отфрла ваква можност и најавува бојкот доколку не се дозволи користењето на руското знаме и химна.

Наместо суспензија, сè поблиску до руски бојкот на Олимпијадата

ИОЦ го суспендираше шампионот во скелетон, Третјаков

Scroll to Top