Top Sport

На 9 дена пред почетокот на ОИ најголем број заразени во Токио

Главниот јапонски град Токио денеска пријави најголем број нови случаи на позитивни на Ковид 19 во последните 6 месеци, а за 9 дена токму во Токио ќе започнат Олимписките игри.

Градските власти соопштија дека се забележани 1.149 нови случаи на заразени со коронавирусот, што е најголем број уште од 22. јануари годинава. Доказите се дека во Јапонија владее петтиот бран на инфекција.

Минатата недела Владата повторно прогласи вонредна состојба за Токио и околните префектури, а организаторите на ОИ најавија дека истите ќе се одржат без присуство на публика.

Само 31% од луѓето во Јапонија се вакцинирани барем со една доза, што е најниска стапна на вакцинирани во една од богатите земји во светот.

Делта сојот на вирусот сега чини речиси 30% од случаите во Токио, а таа стапка се зголемува.

Scroll to Top