Top Sport

На аукција се продава златен медал на Џеси Овенс

Еден од златните медали што Џеси Овенс ги освоил на Олимписките игри во Берлин во 1936 година ќе биде продаден на аукција. Се очекува златниот медал да биде продаден за најмалку 1,6 милиони фунти (околу 2 милиони долари). Аукцијата ќе се одржи наредната недела во Њу Џерси.

Џеси Овенс на Олимписките игри во Берлин победил на трките на 100 и 200 метри во штафетата на 4×100 метри и во скок во далечина.

На медалите не се изгравирани дисциплините во кои се освоени, така што не е познато кое одличје ќе биде продадено на аукцијата.

Еден златен медал од таа колекција на Овенс е продаден на аукција в 2013 година за сума од 1,1 милиони фунти. Локациите на останатите медали не се познати.

Еден од најславните црномурни спортисти во историјата починак од рак на белите дробови на 31 март 1980 година во Тусон, Аризона.

Scroll to Top