Top Sport

На Корда не му беше срам да му побара автограм на Надал

На многу млади тенисери Рафаел Надал им останува пример за посветеност, спортско однесување и секако успех, така што можеби не е толку чудно што Себастијан Корда по поразот од легендата на Ролан Гарос во Париз, реши да му побара автограм на легендарниот Шпанец.

Американецот го сопре Надал и побара тој да се потпише на неговата маичка по 6:1/6:1/6:2 поразот, откако претходно призна дека тој му е тениски идол и дека дури неговата мачка ја именувал Рафа.

Надал му ја исполни желбата и му напиша: „На мојот пријател Себастијан, ти посакувам најдобро во твојата тениска кариера“, и Корда веднаш се пофали со фотографијата на Инстаграм нарекувајќи ја „најдобриот момент во мојот живот“.

Scroll to Top